Судот за прекршоци во Бијело Поље му изрече парични казни на пејачот Владо Георгиев (48) во висина од 450 и 250 евра за возење под дејство на алкохол и злоупотреба на дрога. Освен тоа, тој ќе мора да плати и 60 евра за судски трошоци
Ова стои во соопштението потпишано од Алија Бегановиќ, претседател и портпарол на Судот за прекршоци во Бијело Поље.
„Поради прекршокот од член 318, став 1, точка 14 од Законот за безбедност во сообраќајот – управување со возило под дејство на алкохол со концентрација од 1,22 г/кг, судот на обвинетиот В.Г. (48) од Белград му изрече парична казна од 450 евра и 30 евра судски трошоци. Исто така, судот во друг постапка за прекршок од член 52, став 1, точка 5 од Законот за спречување на злоупотреба на опојни дроги му изрече парична казна од 250 евра и дополнителни 30 евра судски трошоци. Двете пресуди беа извршени пред нивното правосилност бидејќи обвинетиот има живеалиште во странство“, се наведува во соопштението.
Во двата случаи, Георгиев ја прифатил одговорноста за направените прекршоци. Судот, по увид во податоците од прекршочната евиденција, утврдил дека ова е првпат тој да биде казнет за ваков вид прекршок.
Да потсетиме, Георгиев тврдеше дека не бил пијан, туку дека бил приведен поради пребрзо возење.
„Вистина е дека бев приведен, но причината не е возење во алкохолизирана состојба, туку пречекорување на брзината“, изјавил Георгиев за српскиот „Курир“.
Od sada gdje je 40 vozim 38kmh
— Vlado Georgiev - Barba (@VladoGeorgiev) March 12, 2025
По инцидентот, пејачот се огласи и на социјалната мрежа Икс, каде саркастично прокоментира: „Отсега, каде што е ограничување 40 километри на час, ќе возам 38 километри на час…“.
Samo da vam se javim sa Žabljaka.
— Vlado Georgiev - Barba (@VladoGeorgiev) March 12, 2025
Baš bi me neko pustio iz Pljevalja da nije bilo samo prekoračenje brzine 🎩 A ovi lažovi - poyy pic.twitter.com/epUU5dfWq2
Потоа објави фотографија од местото каде што се наоѓал, додавајќи: „Само да ви се јавам од Жабљак. Баш некој ќе ме пуштеше од Пљевља ако не беше само пречекорување на брзината. А овие лажговци… поздрав!“.