Марија Шерифовиќ објави нова фотографија со синот Марио, чие доаѓање ја изненади пред еден од нејзините последни концерти.
„Сите ме прашуваат: ’Како можеш да пееш така трета вечер по ред? Зошто не се штедиш? Од каде толку многу енергија? Од каде толку многу љубов? Па, како ќе го правиш тоа уште две вечери? Па чувај се, Марија! Еве од каде … Синоќа, не ни знаев дека доаѓа. Се гушкавме 15 минути и сите батерии ми се наполнија на 90%. После тоа ве видов вас и ѕверката е спремна. Твое е само она кое ќе го дадеш“, напишала 40-годишната пејачка во описот на објавата и ги воодушевила обожавателите.
Објавила фотографија и на денот на жената
Марија и на Денот на жената објавила фотографија со синот.
„Осми март конечно има смисла. Животе мој најубав, сонце мое омилено, момченце најубаво, окото мое зелено … Те сакам до неистражените галаксии“, порачала тогаш Шерифовиќ.
Нејзиниот син го родила сурогат мајка
Да потсетиме, Марија на почетокот на декември 2023 година стана мајка на синот Марио кој го родила сурогат мајка.
Пејачката открила дека во неколку наврати се обидела да стане мајка, но не можела да ја изнесе бременоста, па затоа на крајот се одлучила за сурогат мајка. Шерифовиќ поради договорот за приватност не сака да открие кој е таткото, но изјавила и дека нејзиниот син ќе знае сè за тоа кога ќе дојде време.
Таа во една прилика открила дека не сакала нејзиниот син да го носи името Марио. „Сакав неговото име да започнува со буквата „М“ и првата идеја беше да биде Макс. Но, моите селанки пријателки ме разочараа кога рекоа дека тоа е име за куче. Утрото откако се роди требаше да се потполнат документите, жената дојде да ме праша кое е неговото име, а јас сè уште не го имав.
И тогаш семејството и пријателите почнаа да размислуваат кое име би одговарало на „М“ и некој само изговори „Марио“ и тоа беше тоа. Секако, без ’ј‘, бидејќи поради изговорот јас сум ’Мариѓа‘ во Америка, па тој би бил ’Мариѓо‘“, изјавила Шерифовиќ.