[ФОТО] И дамски и провокативен, создаден за модерна принцеза: Овој фустан потпишан од „Диор“ потврдува – Моника Белучи има достојна наследничка!

Точка

11/03/2025

10:14

2.172

Големина на фонт

а а а

Ќерката на Моника Белучи и Винсент Касел, Дева (21) на црвениот тепих се појавила со своето момче, 24-годишниот италијански актер Саул Нани. Младиот пар ја промовирал серијата „The Leopard“ на Нетфликс во која и двајцата глумат, а штом се појавиле пред камерите го украле сето внимание.

На премиерата на серијата за животот на аристократите на Сицилија во 19 век, Дева пристигнала стилизирана според очекувањата – елегантна и луксузна, а се појавила во комбинација од која нејзината славна мајка сигурно била воодушевена. Изборот на Дева бил вечерен фустан на француската модна куќа „Dior“, чиј амбасадор е од минатата година, необичен модел кој изгледа како комбинација од сако и макси здолниште.


Горниот дел од нејзиниот аутфит се состоел од вграден црн блејзер со светкави и тенки долги ревери, а под него имала луксузно здолниште во форма на ѕвонче кое допирало до подот, полно со волумен бидејќи е направено од слоеви тул.

На овој начин Дева покажала дека е инспирирана од нејзината серија, но и даде многу модерен пресврт благодарение на шик горниот дел.


Младиот пар позирал самоуверено, а корисниците на социјалните мрежи коментирале дека ги потсетуваат на мајката и таткото на Дева во нивните млади денови.


„Пред две години, поминавме шест месеци оживувајќи го Леопард, не само како приказна, туку како љубовно писмо до оваа земја. Тоа ме научи повеќе отколку што очекував – за уметноста, историјата и неверојатни луѓе. Но, среде сето тоа, запознав некој кој стана мое сидро на ова патување …“ напишала Дева претходно покрај фотографиите од неа и Соул на сетот.


Врската ја потврдиле во 2023 година со фотографија од јахта.

Дева го освојува светот


Дева Касел веќе полека го освојува модниот свет. Таа неодамна ја носела ревијата на престижниот бренд „Dolce & Gabbana“ на модната недела во Милано. Во светот на манекенството запловила на 15 години, а неколку пати ги красела насловните страници на познатите списанија. Таа е едно од заштитните лица на модната куќа D&G и веќе носела неколку нивни ревии во Милано и Париз. Таа годинава снимила и реклама за истоимениот бренд.