[ВИДЕО] Познатата водителка преку прозорецот молела за помош: Набрзо била префрлена во болница

Точка

11/03/2025

10:44

2.817

Големина на фонт

а а а

Поранешната водителка Венди Вилијамс е хоспитализирана откако била снимена на прозорецот на центар за нега во Њујорк.

Во рацете држела парче хартија на кое пишувало: „Помош! Венди!!“ Извор од полицијата за „Њујорк пост“ изјавил дека била спроведена во возило на брза помош, по што била пренесена во болница.


Ја негира својата дијагноза

Нејзините адвокати кон крајот на минатата година навеле дека е прогласена за когнитивно оштетена и трајно неспособна. Нејзиниот тим изјавил дека ѝ била дијагностицирана примарна прогресивна афазија и фронтотемпорална деменција во 2023 година. Сепак, таа ја негирала таа дијагноза и побарала од судијата да ѝ го прекине старателството кое над неа го има Сабрина Морисеј. Вилијамс тврди дека може повторно да функционира независно.

„Се чувствувам како да сум во затвор“

За потсетување, Венди претходно ја опишала својата ситуација како „емоционално злоставување“.

Не сум когнитивно оштетена, но се чувствувам како да сум во затвор“, изјавила поранешната водителка на „Wendy Williams Show“. „Изолирана сум. Не сакам да разговарам со луѓето кои живеат овде. Гледам телевизија, слушам радио, гледам низ прозорецот. Седам овде и животот минува покрај мене. Не ми дозволија да ги земам моите мачки со себе, a тоа е она што навистина го сакав“, додала таа.


За потсетување, на Венди Вилијамс ѝ биле дијагностицирани фронтотемпорална деменција и афазија во 2023 година. Нејзиниот старател, Сабрина Е. Морисеј, на крајот на минатата година изјавила дека нејзината деменција напредувала, а адвокатите на Венди навеле дека таа е прогласена за когнитивно оштетена и трајно неспособна.

Афазијата влијае на комуникациските вештини, додека фронтотемпоралната деменција (FTD), прогресивно нарушување, влијае на однесувањето и когнитивната функција.