[ВИДЕО] Северина за хитот од 2011 година: „Песнава ја посветив на еден тежок кретен, сè уште му нема помош“

Точка

11/03/2025

09:24

2.700

Големина на фонт

а а а

Северина во Карловац го отпеала својот стар хит, песната „Остављена“. „Сега сè е во ред, благодарам на прашањето, супер. Одам на судови, тоа е нормална работа … Малку суд, малку концерт … Некој можеби и би полудел, но јас не. На овој пат завршив и право“, рекла таа на публиката од сцената, па запеала песна од албумот „Добродошао у клуб“.

„Сега сè е во ред, благодарам на прашањето, супер. Одам на судови, тоа е нормална работа … Малку суд, малку концерт … Некој можеби и би полудел, но јас не. На овој пат завршив и право“, рекла таа на публиката од сцената, па запеала песна од албумот „Добродошао у клуб“.


Сега на Инстаграм објавила исечок од настапот со интересен опис. „Песнава ја напишав во Мадрид, по повод тежок кретен … Но, тоа беше одамна … Иако и денес се вели дека нема помош за него … Но песната е врвна“, напишала таа.


„Ако имате и вие некоја своја приказна, слободно споделете ја со мене … Дајте си оддишка …“, ги поканила таа своите следбеници.

Песната ја напишала додека била бремена

Инаку, Северина оваа песна ја напишала во 2011 година, додека била бремена. „Тоа се оние мои мали и херметички мелодии со текстови наменети за сите жени, како своевидно продолжение на песните „Поглед испод обрва“ или „Шта ме сад питаш шта ми је“. Додека го снимавме албумот, таа на сите им стана блиска и емотивна. Сите оние кои го преслушаа албумот ме молеа да не ја занемарам и да снимам спот за неа“, открила пејачката кога излегла песната.

Тогаш веќе се шпекулирало дека му ја посветила на Милан Поповиќ, нејзиниот поранешен партнер со кој доби син и со кој води повеќегодишни судски битки.