Маск вели дека „X“ паднал поради сајбер напад: „Нè напаѓаат секој ден, но ова …“

Точка

11/03/2025

14:39

1.117

Големина на фонт

а а а

Платформата за социјални медиуми „X“ падна за речиси 12.000 корисници во понеделникот, а сопственикот Илон Маск се огласи дека станува збор за сајбер напад.

Имаше (сè уште има) масовен сајбер напад врз „X“. Нè напаѓаат секој ден, но ова е направено со многу ресурси. Вклучена е голема, координирана група и/или држава“, објави Маск на платформата.

Извор од индустријата за интернет инфраструктура рекол дека „X“ бил мета на неколку бранови на одбивање на услугата, првпат околу 10:45 часот по средноевропско време. Изворот за „Reuters“ зборувал под услов да остане анонимен, бидејќи не е овластен јавно да говори за ова прашање.


Ускратувањето на услугата функционира со преплавување на насочени веб-локации со лажен сообраќај. Ваквите напади не се нужно софистицирани, но можат да предизвикаат значително нарушување.

Според „Downdetector“, „X“ имал периодични прекини, ограничувајќи го пристапот до платформата за 11.745 корисници во САД од 18:46 часот по средноевропско време, но и во други делови на светот.

Бројот на извештаи за прекини се искачил на околу 26.579 откако „X“ накратко падна, според податоците доставени од корисниците на веб-страницата за следење прекини. Претходно тој број изнесувал 40.000.

Илон Маск, советникот на американскиот претседател Доналд Трамп, влезе во конфликт со полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски откако во објава на „X“ во неделата рече дека „целата линија на фронтот на Украина ќе се сруши ако го исклучам ’Starlink‘“.

Сикорски му одговорил, исто така, на „Х“ тврдејќи: „’Starlink‘ за Украина му плаќа на полското Министерство за дигитализација околу 50 милиони долари годишно. Настрана од неетичката природа на закана на жртва на агресија, ако „SpaceX“ се покаже дека е несигурен давател на услуги, ќе бидеме принудени да бараме други“.


Во серија објави на „X“ во текот на денот, Маск подоцна напишал дека нема да го затвори „Starlink“ во Украина: „Да бидам крајно јасен, колку и да не се согласувам со украинската политика, „Starlink“ никогаш нема да ги исклучи своите терминали … Никогаш не би направиле такво нешто или не би го искористиле за преговори“.

Истовремено американскиот државен секретар Марко Рубио му одговори на Сикорски дека тој „измислува“ и дека „никој не ѝ се заканувал на Украина дека ќе ги прекине „Starlink'“.

„И кажете благодарам бидејќи без „Starlink“ Украина одамна ќе ја изгубеше војната и Русите сега ќе беа на границата со Полска“, додал Рубио.

Во посебен одговор на објавата на Сикорски, Маск напиша: „Тивко, мал човеку. Плаќаш само мал дел од цената. И нема замена за Starlink“.


Во понеделник наутро полскиот премиер Туск, без да прецизира на кого и на што се однесува, напиша на „Х“: „Вистинското лидерство значи почитување на партнерите и сојузниците. Дури и за помалите и послабите. Никогаш ароганција. Драги пријатели, размислете за тоа.“

Терминалите „Starlink“ се клучни за операциите на украинската армија и се користат од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година.

Во земјата има десетици илјади терминали, вклучително и до 500 купени од Министерството за одбрана на САД во јуни 2023 година.