Една нова студија предупредува дека климатските промени наскоро ќе влијаат на Земјината орбита, зголемувајќи го вселенскиот отпад и ограничувајќи го оперативниот простор за сателитите.
Американските научници од Технолошкиот институт во Масачусетс (МИТ) открија дека глобалното затоплување може да го намали расположливиот простор во ниската орбита на Земјата за 33 до 82 отсто до крајот на векот, поради нарушеното природно отстранување на орбиталните остатоци.
Додека стакленички гасови го загреваат долниот дел од атмосферата на Земјата, тие ги ладат и разредуваат горните слоеви каде работат сателитите. Вообичаено, атмосферскиот отпор ги отстранува остатоците со влечење надолу како би изгореле при повторното влегување во долната атмосфера на Земјата. Меѓутоа, со намалена густина, отпадот се акумулира, што го влошува метежот, истакнуваат истражувачите од МИТ во истражувањето објавено во списанието „Nature Sustainability“.
„Се потпираме на атмосферата за да ги исчистиме нашите орбитални остатоци. Не постои друг начин да се отстранат овие остатоци. Тоа е ѓубре. Тоа е отпад, и има милиони парчиња отпад“, зборувал водечкиот автор на студијата Вил Паркер, научник за астродинамика од МИТ.
Милиони фрагменти, некои широки само 3 милиметри, се движат со брзина на куршум. Поголемите парчиња можат да удрат со силата еднаква судар со автобус, известува „The Aerospace Corporation“, американска непрофитна организација која ги следи орбиталните остатоци. Вселенските судири, вклучувајќи го и судирот на два сателити во 2009 година, веќе го влошиле проблемот со создавање на илјадници нови остатоци. Некогаш постоеше таа мантра дека просторот е голем, зборувал Паркер. Меѓутоа, намалениот отпор и зголемените емисии докажуваат дека компонентата за климатските промени е навистина важна.
„На надморска височина од 400 километри, густината на атмосферата се намалува за 2% на деценија“, вели Ингрид Кносен од „British Antarctic Surveyja“ и ја истакнала важноста на споменатото истражување.
„Научниците мора да бидат свесни за орбиталните ефекти на климатските промени како би се презеле соодветни мерки за да се обезбеди нивната долгорочна одржливост“, изјавила Кносен за „AP“.