Според извештаите на Bloomberg, Apple работи на револуционерен редизајн на целата своја линија на оперативни системи, вклучувајќи ги: iOS 19, iPadOS 19 и macOS 16. Ова ќе биде најголемата промена од iOS 7, кој беше објавен уште во 2013 година, и macOS Big Sur во 2020 година.
Што можеме да очекуваме?
Редизајнот ќе вклучува сè, од икони и менија до прозорци и копчиња. Целта е да се поедностави користењето на уредот и да се постигне поголема сличност помеѓу различните платформи на Apple.
Apple наводно е инспириран од „visionOS“, оперативниот систем за очилата Vision Pro, што сугерира помодерен и интуитивен дизајн.
Новите оперативни системи ќе бидат претставени на WWDC во јуни, а ажурирањата ќе бидат достапни за корисниците во текот на есента.
Иако новиот дизајн ќе донесе освежен изглед на корисничкиот интерфејс, Apple сè уште има проблеми во областа на развивање и имплементирање на AI технологија.
Неодамна беше објавено дека Apple Intelligence и подобрениот Siri ќе бидат одложени до 2025 година. Според гласините што кружат, Apple можеби нема да може да интегрира многу нови функции за вештачка интелигенција во iOS 19, поради што фокусот се префрла на редизајн на интерфејсот.
Apple можеби го користи новиот дизајн за да го одвлече вниманието од недостатоците во развојот на функциите за вештачка интелигенција. Сепак, корисниците сигурно ќе го ценат свежиот и модерен изглед на нивните уреди.
Во основа, со објавувањето на новите оперативни системи: iOS 19, iPadOS 19 и macOS 16, Apple ја носи најголемата промена во последните 11 години и секоја промена е на подобро.