[ФОТО] Не пијат сите шејкови: Јапонецот Ватануки побарал Пепси среде мечот – Го испил, па го победил фаворитот

Точка

10/03/2025

18:38

1.186

Големина на фонт

а а а

Јапонецот Јосуке Ватануки (26) секако е малку познато име за оние кои секојдневно не следат тенис, а синоќа на најдобар можен начин ѝ се претстави на пошироката спортска јавност откако се пласираше во осминафиналето на Мастерсот во Индијан Велс.

Ватануки, кој е 349-ти тенисер во светот, го победи Френсис Тиафо (17-ти на АТП листа) со 2-0 во сетови по два часа игра и се пласираше меѓу 16-те најдобри на „петтиот Грен слем во сезоната“, како што често го нарекуваат Мастерсот во Индијан Велс.


Тиафо, кој во второто коло го елиминира Дамир Џумхур, беше голем фаворит против Ватануки, но квалификантот покажа високо ниво на тенис и го доби првиот сет со резултат 6:4.

Тиафо направи брејк во вториот сет и стаса до предност од 5:4, а потоа требаше да сервира за сетот, додека на паузата меѓу гемовите се случи невообичаена сцена.

Имено Ватануки извадил лименка Пепси, а потоа го прашал својот тренер дали смее да ја испие.


Откако доби потврден одговор, тој го сторил тоа, а публиката беше вчудовидена, со оглед на тоа што никогаш претходно не виделе тенисери да пијат газирани пијалаци во текот на мечевите.

Вообичаено, тенисерите пијат вода со електролити или шејкови за време на натпреварите, но на Ватануки очигледно подобро му одговарал Пепси.

Во продолжението од мечот тој не само што го спаси сет-поенот, туку и израмни на 5:5, а подоцна го доби тај-брејкот со 7:6(6) и победи. Меѓутоа она што е особено интересно е фактот дека откако испил Пепси тој ја зголемил јачината на неговите форхенд удари.


Имено, статистичарите откриле дека просечна брзина на неговиот форхенд пред да испие Пепси била 77 милји на час (124 км/ч), а потоа 80 милји на час (129 км/ч).

Како 349-ти тенисер во светот, тој стана најслабо рангиран играч кој стигнал до осминафиналето на Индијан Велс по Томи Хас, кој истото го направи во 2004 година како 882 играч во светот.

Инаку Ватануки во осминафиналето на 12 март ќе игра против Талон Грикспур, 43-ти тенисер во светот.