Играчите на Бруклин со лукава тактика го чуваа Дончиќ, Словенецот се налути: Ова не беше фер

Дерби

11/03/2025

13:31

1.399

Големина на фонт

а а а

Бруклин успеа да го победи Лејкерс на домашен терен со 111:108 и ја оствари целта во натпревар на кој не играше Леброн Џејмс, а во кој главна ѕвезда на „езерџиите“ беше Лука Дончиќ.

Словенецот го заврши мечот со трипл-дабл учинок од 22 поени, 12 асистенции и 12 скокови, но ако се гледа реално, процентот на шут му беше навистина многу лош и имаше навистина разочарувачка статистика.

Дончиќ погодои само 8 од 26 шутеви од поле и имаше 3 од 10 за три поени, а за време на мечот загуби и пет поседи на својот тим.

Сето ова беше резултат на ултра агресивната одбрана и лукавата тактика која ја имаа играчите на Бруклин, кој во најголем дел од случаите го удвојуваа Лука, а притоа му задаваа и мали удари.

Дончиќ се жалеше на арбитражата од судиите во текот на целиот меч, па иако не сакаше да зборува многу за тоа по крајот на натпреварот, ѕвездата на Лејкерси не пропушти да нагласи дека добил нефер третман.

– Не би сакал да кажам нешто што не треба… Противниците беа многу остри, навистина многу остри во секој дуел. Мислам дека ова не беше фер третман, но тоа е што е. Мораме да продолжиме и да ја играме својата игра во иднина, – изјави Дончиќ.