Шпанските медиуми вчера објавија дека причината за разводот е неверството на сопругата со личниот тренер, поради што Тер Штеген наводно ја напуштил семејната куќа и моментално престојува во хотел во Барселона.
Марк-Андре тер Штеген, голманот и капитен на Барселона, соопшти дека тој и сопругата Даниела Јеле се разведуваат по осум години брак. Шпанските медиуми откриваат дека причината за разделбата е неверството на неговата сопруга.
Двојката, која се запознала во 2012 година и се венчала во 2017 година, има две деца. Тер Штеген преку социјалните мрежи објави дека по внимателно размислување одлучиле да тргнат по различни патишта. Тој нагласи дека добросостојбата на нивните деца ќе остане приоритет, како и обезбедувањето на љубов и стабилност.
Исто така, замолија јавноста и медиумите да ја почитуваат нивната приватност во овој тежок период.
Разводот доаѓа во тежок период за Тер Штеген
Оваа вест пристигнува додека Тер Штеген закрепнува од тешка повреда на коленото, која ја заработи во септември и поради која подолго време беше надвор од терените.
Германскиот голман неодамна започна со тренинзи, а неговото враќање на теренот се очекува во април.