Клаудио Раниери пристигна како ургентно решение во Рома откако клубот во краток временски интервал се ослободи од Даниеле Де Роси и Иван Јуриќ, или поточно искусниот стручњак ја прекина својата пензија со желба да го „гасне пожарот“ во омилениот клуб.
Раниери одговори позитивно на повикот од семејството Фридкин и за само неколку месеци успеа целосно да ја трансформира Рома, до тој степен што „волчицата“ има најдобри бројки во топ 5 лигите во Европа од стартот на 2025-та година.
Рома освои 26 бода на одиграните 10 натпревари во домашното првенство во 2025-та година, што е повеќе од било кој друг тим во најдобрите пет лиги на стариот континент.
„Волчицата“ не знае за пораз од средината на месец декември минатата година кога последен пат загуби од Монца, а во 2025-та година, Рома има биланс од две реми средби и дури осум победи во Серија А.
Повратникот од пензионерските денови дефинитивно ги надмина сите очекувања и на најголемите оптимисти, а што е уште поважно, Рома останува жива и во Европа, каде во четврток го игра реваншот против Атлетик Билбао за пласман во четвртфиналето.
Claudio Ranieri’s Roma have collected 26 points in the opening 10 league games of 2025, more than any other team in Europe’s top five leagues. https://t.co/aSf6FAuzI4 #ASRoma #Roma #Ranieri #Calcio #SerieA
— Football Italia (@footballitalia) March 11, 2025