Фримпонг во текот на летото ќе замине од Леверкузен

Макфакс

11/03/2025

14:08

584

Големина на фонт

а а а

Крилниот фудбалер на Баер Леверкузен, Жереми Фримпонг планира да го напушти клубот на крајот од сезоната, дознава „Скај Спортс Германија“.

Фримпонг беше еден од клучните играчи минатата сезона, која Баер ја заврши непоразен во домашните натпреварувања и ги освои трофеите во Бундеслигата и Купот на ДФБ.

Единствената титула што не ја освои тимот предводен од Чаби Алонсо е онаа наменета за победникот во Лига Европа, клубот од Леверкузен беше поразен од Аталанта во финалето.

Алонсо во тековната сезона почесто игра со четворица одбранбени играчи, додека бековите Фримпонг и Грималдо ги користи на крилните позиции.

Фримпонг оваа сезона се мачеше со повреди, поради што пропушти голем број натпревари.

За 24-годишниот фудбалер се заинтересирани бројни богати клубови. Медиумите шпекулираат дека тој би можел да премине во Манчестер јунајтед, додека германски „Скај Спортс“, тврди дека негови фаворити се Реал Мадрид и Барселона.

Договорот на Фримпонг истекува во летото 2028 година.

Баер е на второто место во Бундеслигата со 53 бода, осум помалку од лидерот Баерн.