[ВИДЕО] Орбан: Зачленувањето на Македонија оди бавно, за тоа не е одговорна земјата, туку Европската Унија

Макфакс

04/03/2025

15:14

861

Големина на фонт

а а а

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, на денешната заедничка прес-конференција со македонскиот премиер Христијан Мицкоски истакна дека посетата на македонската владина делегација на Унгарија се случува во важен момент кога три години живееме во сенката на војната.

Орбан посочи дека го информирал Мицкоски дека Унгарија диктатот од ЕУ нема никогаш да го прифати и затоа мора да плаќаат казни.

„Можете да сметате на нашата поддршка во процесот на зачленување на Македонија во ЕУ не само затоа што е срамно што овој процес бавно оди напред, а за тоа не е одговорна Македонија, туку ние членките на ЕУ. Покрај тоа, ние нивното членство го поддржуваме, ЕУ мора да биде поконкурентна во светот и не гледам друго решение за подобрување на конкурентноста, освен продолжување на процесот на проширувањето. Секое проширување досега ѝ донесе добро на Европската Унија“, истакна Орбан.

Во однос на билатералните односи, Орбан рече дека трговската размена постојано расте и дека од 2010 година досега е седумпати зголемена. – Северна Македонија и Унгарија заедно со Србија припаѓаат на иста економска регија По наше мислење овој простор може да биде заедничка економска зона каде што соработката може да донесе огромен еконосмки потенцијал. Проблем е тоа што ние сме во Европската унија, а овие две држави се надвор од Унијата. Што можеме да направиме? Можеме да изградиме најинтензивни билатерални односи, рече Орбан.

Најави дека се подготвува и потпишување на меѓувладина економска спогодба.

Во однос на војната во Украина, Орбан рече дека Унгарија останува на ставот дека војната треба да прекине и дека ги поздравуваат преговорите меѓу САД и Русија.

– Три години живееме во сенката на војната. Ние ги поздравуваме преговорите меѓу САД и Русија и сме заинтересирани за успешен исход. Ние им се спротиставуваме на оние држави од Европската уинија, кои се наши пријатели и сојузници, но кои решија дека војната во Украина мора да продолжи. Продолжувањето на војната е лошо, погрешно и грешка. Во четврток за тоа ќе зборуваме во Брисел, рече Орбан.

Двајцата премиер разговарале и за миграцијата, а од страна на унгарскиот премиер биле поздравени напорите на Северна Македонија за чување на границата.