Најмалку 16 патници и членови на екипажот се повредени кога крузер налетал на бура кај брегот на Нов Зеланд.
Мирното патување се претвори во кошмар, објави „Дејли мејл“. Крузерот Crown Princess беше на средина на двонеделното патување кога наиде на бура придружена со силни ветришта, што доведе до огромни бранови во близина на Милфорд Саунд на југозападниот дел од јужниот остров на Нов Зеланд.
Cruise ship holidays are not so easy. The Crown Princess was caught in a severe storm while cruising around New Zealand. Passengers and crew were thrown about. Sixteen people were injured. pic.twitter.com/U29fVHTbxi
— Sprinter Observer (@SprinterObserve) March 3, 2025
Снимката забележана во кујната на бродот го покажува хаосот што настанал кога крузерот наишол на високи бранови и нагло се навалил принудувајќи ги вработените да се држат цврсто за да не паднат.
Персоналот во кујната потоа мораше да се подготви за следниот голем удар од огромниот бран, а патниците во кафетеријата и во рестораните очајно грабале сè што можеле за да обезбедат стабилност.
Crown Princess cruise ship faces severe weather on a round trip from Sydney to New Zealand, injuring 16 people as it tilts sideways pic.twitter.com/6YSKM9tZ8n
— The Project (@theprojecttv) March 3, 2025
На снимките на социјалните мрежи се гледа како чинии, тенџериња и тави паѓаат на подот и храната лета низ кујната додека бродот за крстарење бил погоден од силна бура. Базенот на палубата се прелевал секогаш кога бродот ќе се наведнел.
Раководството соопшти дека екипажот бргу реагирал и дека безбедноста на бродот во ниеден момент не била загрозена.