„Ќе бидете затворени или протерани“ – Решението на Трамп за училиштата што протестираат

Точка

04/03/2025

18:42

1.296

Големина на фонт

а а а

„Ќе престане целосното финансирање на универзитетите што ќе го толерираат ова“, вели Трамп.

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска најави дека ќе го прекине секое федерално финансирање на училиштата и универзитетите што дозволуваат нелегални протести.

„Агитаторите ќе бидат уапсени и/или трајно депортирани во нивните матични земји. Американските студенти ќе бидат трајно протерани или, во зависност од сторениот криминал, уапсени“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“.


Минатата година, неколку универзитетски кампуси во САД беа сцена на пропалестински демонстрации, кои Трамп остро ги осуди за време на неговата изборна кампања.

Американската влада во понеделникот објави дека го раскинува договорот вреден 50 милиони долари со престижниот Универзитет Колумбија во Њујорк, обвинувајќи го дека не ги заштитил своите еврејски студенти од палестинските поддржувачи.


Американското Министерство за образование го критикуваше Универзитетот Колумбија за неговиот „јасен неуспех да биде одговорен“ пред сите студенти, што, според нив, „покренува сериозни прашања за неговата способност да продолжи да соработува со владата на Соединетите Држави“.

Додека некои конзервативни држави на американскиот Југ го ограничуваат учењето за расизам или сексуалност, Трамп дури ја објави својата намера да го укине федералното Министерство за образование.

За шеф на ова веќе осудено тело ја назначи Линда Мекмејхон, поранешна шефица на организацијата за борење, и ѝ даде „задача да ја изгуби работата“.


Образовниот систем во САД е главно децентрализиран, но федералната влада има значително влијание врз финансирањето, особено во училиштата во сиромашни области и за децата со попреченост.

Трамп веќе укина неколку видови финансирање за училиштата.


Образованието е клучно бојно поле за американските конзервативци, кои ги обвинуваат училиштата дека ги индоктринираат децата со ширење на идеите на движењето „Woke“ – термин што се користи за прогресивните погледи за сексуалноста и расата.