[ФОТО] Парк во кој можете да го „пропатувате“ целиот свет во еден ден

Точка

03/03/2025

14:09

741

Големина на фонт

а а а

Светскиот парк Пекинг (Beijing World Park) е тематски парк лоциран во главниот град на Кина, кој ви овозможува да го „видите целиот свет“ во еден град. Се протега на површина од 46,7 хектари во југозападниот округ Фенгтаи во Пекинг, на околу 17 километри оддалеченост од Тјенанмен.

Паркот е поделен на два дела – простор за разгледување каде се поставени копии на најпознатите споменици на денешницата во намалена форма и простор за шопинг, јадење и забава.



Веднаш на влезот ќе ве пречека готски замок и терасовидна градина со големи скалила, фонтани и скулптури инспирирани од европската ренесанса. Светскиот парк Пекинг опфаќа неколку градини со минијатурни модели на најпознатите статуи во светот – од Статуата на слободата до Давид на Микеланџело до Малата сирена од Копенхаген.


Наместо да посетите стотици земји ширум светот и да потрошите десетици илјади евра за патувања, хотели и превоз, во Светскиот парк Пекинг можете да ги видите сите светски чуда на едно место. Тој опфаќа околу сто копии на градби од целиот свет, особено од Азија, Африка, Европа, Северна и Јужна Америка и Австралија.

Копии од познати светски градби

Во овој парк можете да видите намалена верзија на Ајфеловата кула, египетските пирамиди, Сиднејската опера, па дури и реплика на оригиналните облакодери на Светскиот трговски центар во Њујорк кои беа уништени во терористичкиот напад на 11 септември 2001 година.




Инаку Светскиот парк Пекинг беше отворен во 1993 година, а годишно го посетуваат околу 1,5 милиони луѓе.





Во забавниот дел од паркот можете да купите сувенири од целиот свет, како и да вкусите различни јадења од светската кујна. Исто така посетителите им се нудат и разни манифестации кои ги објаснуваат обичаите на одредени земји и нивните култури.