[ВИДЕО] Дали времето го престигна едниот од најзгодните холивудски актери? Шокантен изглед на Џорџ Клуни во Њујорк

Точка

01/03/2025

19:34

7.004

Големина на фонт

а а а

Иако шеесет и три годишниот Џорџ Клуни долги години важи еден од најатрактивните и најпосакуваните мажи во Холивуд, овој пат не изгледаше онака како што сме навикнати да го гледаме. Имено, во четвртокот додека бил на прошетка во Њујорк со сопругата Амал, Џорџ изгледал уморно и имал сериозен поглед.

Додека двократниот оскаровец ја водел 16 години помлада сопруга низ прометните улици на Менхетен, изгледал многу сериозно и исцрпено што ги загрижи фановите низ целиот свет.

Позната по својот стил и статус адвокатката за човекови права, Амал за прошетката одбрала црни панталони, црни потпетици и долг сив капут, а изгледала свежо и беспрекорно за разлика од нејзиниот партнер.

Џорџ кој е познат по тоа што секогаш избира елегантни комбинации, овој пат одлучил да се опушти. Носел темносини панталони, соодветно палто, црна кошула со патент и посветло сини чевли за да го комплетира својот лежерен, но стилски изглед.

Џорџ неодамна зборувал за предизвиците на родителството, имајќи предвид дека тој и Амал се родители на седумгодишните близнаци Александар и Ела. Во неколку интервјуа, актерот на хумористичен начин зборувал за тоа како децата, кои пораснале во британско опкружување, станале „премногу Британци“ и како тој се обидувал да ги поттикне да користат американски изрази.

Свадба во Италија и проширување на семејството

Џорџ и Амал се венчале на 27 септември 2014 година во Венеција, Италија, во палатата Ca‘ Farsetti, а церемонијата ја водел нивниот пријател, поранешен градоначалник на Рим, Валтер Велтрони. Три години по нивната венчавка, парот ги доби близнаците Александар и Ела, кои се родени во јуни 2017 година.