Тој наводно ја изговорил една од најпознатите украински пцовки, „сука, блять!“, што во превод значи „ к***о, е***е!“
Иако многумина очекуваа дека средбата меѓу Доналд Трамп и Володимир Зеленски ќе се одвива во позитивна насока, целиот свет е во шок и неверување од она што навистина се случи.
Имено, Зеленски, Трамп и Џеј Ди Венс влегле во вербална пресметка, по што украинскиот претседател, видно изнервиран, ја напуштил Белата куќа. По бурната средба, се појавија бројни детали, вклучително и такви што не им се прилегаат на светските лидери.
На социјалната мрежа „Х“ беше објавено видео од разговор во Овалната соба, а во описот стои дека Зеленски пцуел пред Доналд Трамп и Џеј Ди Венс.
Тој наводно изговорил една од најпознатите украински пцовки, „сука, блять!“, што во превод значи „ к***о, е***е!“.
Иако првично се претпоставуваше дека станува збор за монтажа, видеото од целата средба го докажа спротивното.
На 4:02 минута од снимката, може да се забележи Зеленски како изговара нешто што навистина наликува на споменатата пцовка.
Откако американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски влегоа во вербална расправија за време на состанокот во Белата куќа, Трамп се консултираше со своите најблиски соработници, по што му порача на Зеленски да си замине.