[ВИДЕО] Тешки моменти: Погледнете ја реакцијата на украинската амбасадорка додека траеше кавгата помеѓу Трамп и Зеленски

Точка

28/02/2025

22:00

4.592

Големина на фонт

а а а

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска имаше тежок момент во Вашингтон.

Зеленски ја напушти Белата куќа по жестока расправија за време на состанокот со американскиот претседател Доналд Трамп и потпретседателот Џ.Д. Венс. Претходно планираната заедничка прес-конференција меѓу двајцата лидери беше откажана.


И додека Трамп и Венс го понижуваа Зеленски како никој друг, на украинската амбасадорка Оксана Маркарова ѝ беше тешко. Таа го покри лицето со десната рака и со неверување слушаше.

Погледнете како изгледаше сето тоа.


„Господ на помош“, коментираше украинскиот опозициски политичар Александар Дубински, кој е во притвор под обвинение за предавство.


Член на украинската Врховна Рада го обвини Зеленски дека отишол во САД за да приреди „шоу“ без никаков план, што сега ќе ја чини Украина американската поддршка.