[ВИДЕО] Посетата на Зеленски е прекината - Трамп: „Тој ги навреди САД“

Макфакс

28/02/2025

19:55

4.376

Големина на фонт

а а а

Посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа е прекината.

Извор од Белата куќа потврди за Ројтерс дека украинскиот претседател Володимир Зеленски предвреме ја напушта Белата куќа.

Информацијата доаѓа по жестоката расправија меѓу Трамп и Зеленски пред новинарите во Овалната соба.

Трамп на својата социјална мрежа „Вистина“ напиша дека Зеленски „ги навреди Соединетите Американски Држави во нивната ценета Овална соба“.