Во првото интервју по синоќешната јавна дебата со американскиот претседател Доналд Трамп и сенаторот Џеј-Ди Венс, украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека очекува поголема поддршка од Трамп. Оваа напната средба во Овалната соба дојде откако Трамп се почувствува навреден од однесувањето на Зеленски.
Во интервјуто за Fox News, водителот Брет Баер директно го праша Зеленски дали му должи извинување на Трамп. Зеленски избегна директен одговор.
- Не сум сигурен дека направивме нешто погрешно. Благодарни сме на Американците за сета поддршка, многу ни помогнавте. Благодарен сум на претседателот Трамп и на двопартиската поддршка од Конгресот. Ни помогнавте од самиот почеток, ни помогнавте да преживееме. Ние сме стратешки партнери – рече Зеленски.
Кога повторно беше прашан за извинувањето, Зеленски повторно го избегна одговорот.
- Мора да бидеме искрени и директни еден кон друг. Никој не сака да стави крај на војната повеќе од нас, бидејќи ние сме тие кои се во оваа војна, во борбата за слобода и за нашите животи – објасни украинскиот претседател.
Зеленски, исто така, ја нагласи потребата од појасна поддршка за Трамп во конфликтот со Русија.
– Сакам претседателот Трамп да биде повеќе на наша страна – рече Зеленски, додавајќи дека неутралноста во преговорите не е соодветно решение.