Голема полициска акција во Скопје: Се разбива криминална мрежа на вработени во затворите

Макфакс

27/02/2025

11:09

2.874

Големина на фонт

а а а

Затворски полицајци и дел од поранешното раководство на затворот во Шуто Оризари се под истрага за злоупотреби.

Обвинителството потврди дека утрово се вршат претреси на повеќе локации.


„Под раководство на јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по Наредба на судија на претходна постапка полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција при МВР извршуваат претреси на локации во Скопје“, информираа од Обвинителството.

Подетални информации се очекуваат во текот на денот.