Атрактивен дизајн и агресивен карактер: Ова е автомобил за оние кои бараат нешто повеќе од своето возило

Точка

26/02/2025

20:13

578

Големина на фонт

а а а

Тизер фотографиите и видеото не откриваат многу, но дефинитивно ја разбудија љубопитноста кај љубителите на автомобили.

За разлика од некои други компании, "Toyota" не ги стави сите свои карти на електрификацијата. Напротив, нејзиниот извршен директор Акио Тојода минатата година коментираше дека регулаторите и политичарите не треба да им наметнуваат на луѓето каков тип на автомобили да купуваат, ниту на производителите какви возила да произведуваат. Според него, тоа треба да биде оставено на пазарот, односно на желбите на купувачите, а производителите да се приспособат кон нивните навики. Тојода не верува дека иднината е целосно во електричните возила – според него, тие треба да заземат околу 30% од пазарот, додека остатокот ќе го сочинуваат хибридни и водородни возила.

Сепак, "Toyota" не го занемарува пазарот на електрични возила и сака да остане конкурентна. Какви новитети подготвува, ќе дознаеме многу наскоро – поточно, на 11 или 12 март, кога компанијата ќе го претстави својот нов електричен автомобил. Најверојатно, станува збор за сериската верзија на концептот "bZ Compact SUV", кој беше претставен пред повеќе од две години. Тоа е дизајнерски впечатлив модел, кој, доколку не претрпи големи измени што ќе му го ублажат агресивниот карактер, сигурно ќе привлекува погледи на патиштата.

Фокус на стилот и динамиката на возење

Освен најавата за претставувањето, "Toyota" објави и тизер фотографија и видео, кои не откриваат премногу, но силуетата на автомобилот покажува дека ќе се работи за атрактивно возило со нагласени перформанси. Според "EV Arena", особено се истакнува ниската линија на покривот и покачената каросерија, што сугерира дека автомобилот ќе биде насочен кон стилот и динамичното возачко искуство.

"Toyota" најавува дека ова е автомобил кој има за цел да ги освои срцата на оние кои бараат повеќе од основен транспорт и дека со него ги подигнуваат стандардите на очекувањата.


Сè уште нема многу информации за овој автомобил, вклучувајќи го и неговото име. Претходно се зборуваше дека компанијата ќе се откаже од збунувачката „bZ“ номенклатура, па можеме да очекуваме целосно ново име, неповрзано со претходниот модел.

Освен тизерот, "Toyota" не откри многу детали за ова возило, но претходните податоци за концептот сепак даваат некои насоки. Според нив, концептот е долг 4,54 метри и висок 1,56 метри, што значи дека серискиот модел би бил компактно возило, помало од "bZ4X". Исто така, останува да видиме каков мотор (или мотори) ќе има, како и кои ќе бидат опциите за батерии. Освен автономијата, купувачите ќе бидат најзаинтересирани за неговата цена, која ќе биде објавена следниот месец.