[ФОТО] Уникатниот „McLaren F1“ на султанот продаден за 25 милиони долари

Точка

12/12/2025

08:33

483

Големина на фонт

а а а

Еден од само 64 произведени патни примероци на „McLaren F1“, оригинално испорачан на султанот од Брунеи, е продаден за неверојатни 25.317.500 долари, со што е поставен нов аукциски рекорд за изминатиот викенд во Абу Даби. На пазар кој сè повеќе ја вреднува реткоста и педигрето, ова е уште еден потсетник на статусот на легендарниот F1 како веројатно најпосакуваниот спортски автомобил во последните три децении, пишува „Carscoops“.

Од гаражата на султанот до нов сјај

Станува збор за автомобил со шасија број 14, кој од фабриката излегол во боја "Titanium Yellow", со внатрешност од црна кожа и алкантара. За разлика од многу други ретки автомобили што биле оставени да собираат прашина во огромната колекција на султанот, овој F1 ја избегнал долготрајната стагнација. Наместо тоа, бил извезен во Обединетото Кралство, каде што започнал поактивно второ поглавје.

По враќањето во татковината, F1 завршил во приватна колекција на поранешен директор на компанијата „McLaren Cars“. Оттаму го преминал Атлантикот, поминувајќи време во Њујорк и Калифорнија, пред во 2007 година повторно да го смени сопственикот. Токму тој сопственик го испратил автомобилот назад во седиштето на „McLaren“ на целосна реставрација.


Трансформација вредна милиони

За време на обновата, автомобилот доживеал целосна трансформација. Оригиналната жолта боја била заменета со елегантната бела "Ibis White", а вграден бил и редок "High Downforce Kit", кој вклучува фиксно задно крило и аеродинамични елементи инспирирани од тркачките модели F1 GTR и F1 LM. Внатрешноста исто така била освежена според LM-спецификација, со ново возачко седиште и поголема изложеност на карбонски влакна.

Се наведува дека преработката чинела повеќе од 500.000 долари и без сомнение одиграла клучна улога во постигнувањето на рекордната продажна цена.


Потпис на тркачка легенда

И онака импресивната историја на автомобилот дополнително ја збогатува и потпис од тркачка легенда. На еден од праговите се наоѓа потписот на Михаел Шумахер, кој бил ставен уште додека автомобилот бил во сопственост на султанот.

Неодамнешната аукција на куќата „RM Sotheby’s“ во Абу Даби донесе и други извонредни продажби. Тимот на „McLaren“ од „Formula 1“ го продаде својот иден F1 болид за сезоната 2026, познат како "MCL40A", за 11,48 милиони долари. Победничкиот понудувач ќе го добие автомобилот кон крајот на првиот квартал од 2028 година.

„McLaren“ исто така продаде и иден примерок од својот "WEC Hypercar" за 2027 година. Тој ќе биде испорачан по завршувањето на тркачката сезона 2027, а достигна цена од 7,59 милиони долари.