Како да возите по автопат за најмала потрошувачка на гориво

Точка

08/12/2025

10:21

658

Големина на фонт

а а а

Дали знаете при кои брзини вашиот автомобил е најекономичен?

Секако, сè зависи од модел до модел, но сепак постојат некои приближно универзални правила кои веќе се докажани во практиката.

За поголемиот дел од возилата важи следново: забрзајте што е можно побрзо, префрлете во највисок степен на пренос, возете до 90 km/h и одржувајте ги вртежите на моторот помеѓу 1.500 и 2.500 вртежи во минута.


Тогаш потрошувачката е најниска, а воедно и моторот најмалку се оптоварува, пренесува сајтот „Revijahak“.

Кога станува збор за автопатите, германската стручна организација „TUV“ препорачува брзина од 70 до 80 отсто од максималната – но така што да не надминува 130 km/h.


Ова правило (до 80 отсто од максималната брзина) важи за послабите автомобили кои немаат висока крајна брзина. Автомобил кој има максимална брзина од 150 km/h, идеално би требало да се движи во распон помеѓу 105 и 120 km/h.