[ВИДЕО] Полошо од филмска катастрофа: Застрашувачка симулација која покажува што би се случило доколку Месечината удри во нашата планета

Точка

26/02/2025

09:57

3.638

Големина на фонт

а а а

На јутјуб-каналот „MetaBallStudios“ е објавена застрашувачка симулација која покажува што би се случило доколку Месечината удри во нашата планета. Откако ја погледнале снимката, многумина коментираа дека таа ги исплашила повеќе од холивудските филмови за катастрофи.

Оваа симулација беше направена откако беше објавена информација дека астероидот 2024 YR4, наречен „убиец на градови“, би можел да се судри со Месечината или со Земјата, пишува „LadBible“.

Доколку тој астероид, како што сега се предвидува, навистина би удрил во нашата планета, последиците би биле катастрофални. Научниците предвидуваат дека потенцијалниот судир би можел да се случи во 2032 година, само три години откако астероидот „Богот на хаосот“ исто така би можел да удри во Земјата.

Во рамки на тие истражувања и пресметки на можните последици од таков удар, Алваро Грација Монтоја од тимот на „MetaBallStudios“ објави видео кое покажува што би се случило доколку астероидот удри во голем град – поточно на Менхетен.


Но ова не е единствената симулација во која е вклучен тимот на MetaBallStudios кога станува збор за вселенски настани кои можат да влијаат на животот на Земјата.

Што ако Месечината удри во Земјата?

Односот меѓу Земјата и Месечината не е само близок, туку и клучен за животот на нашата планета. Месечината помага да се стабилизира ротацијата на Земјата, што придонесува за релативно стабилна клима. Исто така, нејзината гравитација ги контролира плимата и осеката, создавајќи природен ритам кој ја насочувал човечката цивилизација илјадници години.

Според извештајот на Форбс, таквиот удар, доколку некогаш се случи, би можел да се случи дури за 65 милијарди години. Но, симулацијата сепак предизвика страв кај оние кои ја погледнаа.