Алкалоид на фуриозен начин обезбеди пласман во четвртфиналето на Европскиот Куп на ЕХФ и така си загарантира место на денешната ждрепка, по која македонскиот суперлигаш го дозна и својот следен ривал во оваа фаза.
Тимот од Автокоманда во полуфиналето ќе игра двомеч против романска Баја Маре, а предност за нашиот претставник е тоа што реваншот го игра во Скопје.
Првиот натпревар во Романија ќе се одигра на 22-ри или 23-ти март, додека реваншот во македонската престолнина е закажан за една недела подоцна.
При денешното извлекување, беше направена ждрепка и за полуфиналните вркстувања, па доколку Алкалоид го мине романскиот предизвик, ќе оди на мегдан против грчки Олимпијакос и норвешки Рунар Сандерфјорд.
Четвртфинални натпревари во Европскиот Куп:
Баја Маре (Романија) – Алкалоид (Македонија)
АЕК (Грција) – Партизан (Србија)
Олимпијакос (Грција) – Сандерфјорд (Норвешка)
Хаукар (Исланд) – Извиѓач (БиХ)