Минесота режираше еден од најоткачените пресврти во НБА лигата и рано утрово направи чудо против најдобриот тим во НБА лигата, бидјеќи Тимбервулвс се вратија од „минус 25“ и на крајот запишаа драматична победа.
Оклахома доминираше во свој стил и се чинеше дека е на добар пат да запише 47-ма победа, но наместо тоа, на крајот пристигна 11-от сезонски пораз од храбрите „волци“ кои режираа пресврт за паметење.
Минесота губеше 25 поени во завршницата од третата четвртина и последната ја почна со „минус 22“, меѓутоа во продолжение одигра перфектни 12 минути и успеа да се избори за реми, односно продолжение.
Во дополнителните минути, психолошката предност беше на страна на гостите, а откако Едвардс мајсторски го „залепи“ Шеј Гилџес-Александер на неколку секунди пред крајот, стана јасно дека победата заминува за Минесота (128:131).
Најефикасен играч во редовите на Минесота беше МекДаниелс со 27 поени, додека за Оклахома на крајот залудни беа 39-те поени на главната ѕвезда Гилџес Александер.
ANTHONY EDWARDS BLOCKS SGA.
— Hoop Central (@TheHoopCentral) February 25, 2025
pic.twitter.com/SO0IAb0fmY