Раниери тврди дека во Серија А се гради еден од најдобрите тренери во светот: Убеден сум во тоа

Дерби

25/02/2025

11:27

497

Големина на фонт

а а а

Клаудио Раниери успеа да ја препороди Рома и од тим кој беше блиску до опасната зона, сега гледаме екипа која се приближи до местата кои водат во Европа, пресврт за кој дефинитивно најодговорен е искусниот стручњак.

Некогашниот предводник на Лестер го пронајде вистинскиот рецепт на „Олимпико“ и Рома сериозно напредуваше на табелата, па сега е на само два бода од местата кои водат во Европа наредната сезона.

„Волчицата“ не знае за пораз во домашното првенство од 15-ти декември и влезе во фантастична серија на резултати, а вчерашната победа над Монца со резултат 4:0 значи дека Рома во следното коло ќе приближување до 6-то место против тимот од кој го претпре последниот пораз.

Комо е тимот кој последно ја победи Рома во домашното првенство, па во недела за очекување е да се гледа убав фудбал на „Олимпико“.

Раниери ќе се обиде да ја продолжи својата импресивна серија против разиграниот Комо, тим кој е воден од тренер кој Клаудио го смета за најголем потенцијал во Серија А.

– Играчите и здравиот разум се најзаслужи за пресвртот кој го направивме во Серија. Веќе со мислите сме насочени кон тоа што следи, а тоа е натпреварот со Комо. Тие нè победија последниот пат, полни се со борбен дух и играат убав фудбал. Фабрегас ќе биде еден од најдобрите тренери во светот и Европа за три или четири години, едноставно убеден сум во тоа, – изјави Раниери.