Лекарите објаснија зошто витаминот К треба почесто да биде дел од исхраната

Точка

26/02/2025

09:36

835

Големина на фонт

а а а

Витаминот К игра клучна улога во одржувањето на здравјето на коските и регулирањето на нивото на шеќер во крвта. Го има во лиснатиот зеленчук, јаткастите плодови, месото и одредени масла. Поголемиот внес на овој витамин може да има бројни позитивни здравствени ефекти. Во продолжение откријте ги клучните придобивки од витаминот К, според советите на лекарите.

Поддржува нормално згрутчување на крвта

Витаминот К е клучен за згрутчување на крвта. Д-р Раџ Дасгупта објасни дека без доволен внес на овој витамин, телото не може правилно да формира крвни згрутчувања, што може да доведе до прекумерно крвавење дури и од помали исеченици или модринки. Д-р Џенифер Хабаши додаде дека овој витамин игра важна улога во заздравувањето на раните и здравјето на циркулаторниот систем.


Ги зајакнува коските

Недостатокот на витамин К е поврзан со помала густина на коските и поголем ризик од фрактури. Овој витамин го активира остеокалцинот, протеин кој помага во градењето и зајакнувањето на коските, истакна др. Дасгупта. Овој витамин го поддржува и зачувувањето на цврстината на коските, што е од клучно значење како што старееме, пренесе „Best Life“.

Помага во регулирање на шеќерот во крвта

Витаминот К може да го намали ризикот од дијабетес и да ја подобри чувствителноста на инсулин, покажала студијата објавена во „Nutrients“. Исто така, може да ја забави прогресијата на дијабетесот кај луѓе кои веќе имаат дијагноза.


Го зајакнува имунитетот

Истражувањата откриваат дека витаминот К ги намалува воспалителните процеси и го поддржува имунолошкиот систем. Студијата од 2019 година покажала дека тој може да го намали производството на проинфламаторни цитокини, што придонесува за заштита од инфекции и хронични болести, како што се хипертензија и автоимуни нарушувања.


Го поддржува здравјето на мозокот

Истражувањата покажуваат дека повисоките нивоа на витамин К можат да го намалат ризикот од деменција и да ја подобрат когнитивната функција. „Витаминот К влијае на метаболизмот на сфинголипидите, кои се клучни за заштита на мозочните клетки“, објасни д-р Хабаши.

Го подобрува здравјето на кожата

Благодарение на неговите ефекти врз циркулацијата и намалувањето на воспалението, може да помогне во ублажување на темните кругови, модринки и црвенилото на кожата“, рече д-р Хабаши. Исто така витаминот К често се користи во козметичките производи за побрзо обновување на кожата.


Го штити здравјето на срцето

Истражувањата покажуваат дека храната богата со витамин К може да го намали ризикот од срцеви заболувања. „Витаминот К помага да се спречи калцификација на артерии со регулирање на таложењето на калциум во крвните садови, што ја подобрува нивната еластичност и го намалува ризикот од срцеви заболувања“, додаде Хабаши.