Поранешната сопруга на Чарли Шин почна со "OnlyFans", а сега смисли нов начин на заработка

Точка

24/02/2025

17:01

3.093

Големина на фонт

а а а

„Уште едно лудо поглавје. Ви се колнам, никогаш нема мир, никогаш. Се трудиме да бидеме она што сме. Затоа што секогаш така сум му пристапувала на ријалити форматот, без разлика како тоа изгледа“, изјави Дениз Ричардс.

Познатата актерка и поранешна сопруга на Чарли Шин, Дениз Ричардс, одлучи да сними семејно ријалити шоу заедно со своите ќерки и сегашниот сопруг, кој наскоро ќе започне со емитување.

Дениз има две ќерки – Сами и Лоли, кои ги доби со Чарли Шин, како и посвоената ќерка Елоиз, која ја посвоил и нејзиниот сегашен сопруг, Арон Фајферс.


„Уште едно лудо поглавје. Ви се колнам, никогаш нема мир, никогаш. Се трудиме да бидеме она што сме. Затоа што секогаш така сум му пристапувала на ријалити форматот, без разлика како тоа изгледа“, изјави Дениз, а нејзината ќерка Сами додаде:

„Отсекогаш сум зборувала дека нам ни треба ријалити шоу. Секојпат кога нешто тргнеше наопаку или кога ни се случуваше нешто во семејството, јас ќе кажев: ’Каде се камерите? Мораме да го снимаме ова!“.


Ќерките на Дениз пораснале под рефлекторите

Ричардс се осврна и на своите две постари ќерки, истакнувајќи дека не им било лесно, имајќи предвид кои се нивните родители.

„Поминаа низ многу нешта. Се обидов да ги заштитам. Имаше моменти кога беа лути на мене, но им објаснив дека нема упатство за воспитување на деца. Направив сè најдобро што можев во дадената ситуација“, објасни Дениз.


Каква е реакцијата на Чарли Шин?

Дениз откри и каква е нејзината моментална врска со поранешниот сопруг Чарли Шин и како тој реагирал кога дознал за ријалити проектот.

„Тој ја поддржуваше идејата од првиот ден. Кога го погледна трејлерот, ми испрати многу позитивна порака. Бев навистина изненадена и тоа ми значеше многу“, истакна таа.


Ричардс додаде дека без разлика на сè, Чарли Шин секогаш ќе биде добредојден на семејните собири.

„Секогаш ќе биде поканет на празничните вечери. Колку повеќе луѓе, толку подобро“, заклучи Дениз.