Оваа поп ѕвезда ја нарекуваат најлоша пејачка: И покрај тоа, за само еден настап заработила огромна сума

Точка

06/07/2025

09:34

2.052

Големина на фонт

а а а

Британската поп сензација „Charli XCX“ предизвика бројни негативни реакции откако прекумерно користела аутотјун за време на нејзиниот настап на фестивалот Гластонбери, а сега се дозна и колку заработила.

Како што потврди „Дејли мејл“, за овој настап таа заработила повеќе од милион долари и е една од ретките изведувачи што ја добила оваа сума. Други заработуваат многу малку или пеат бесплатно.


Благодарение на албумот „Brat“, кој го издаде минатото лето, таа стана една од најпознатите поп-ѕвезди во светот. Сепак, многумина ја критикуваа за користење на аутотјун на неодамнешниот фестивал. 


„Концертот на Charli XCX на Гластонбери е едно од најлошите нешта што сум ги видел во животот“, „Едвај пее. Плус, ужасно танцува. Оние што чекаа долго време да ја видат имаат причина да бидат бесни“, се некои од негативните коментари. Од друга страна Чарли се огласи на социјалните мрежи по повод обвинувањата. 


„Навистина уживам читајќи ги коментарите на бумерите за мојот настап на Гластонбери. Ги сметам за фасцинантни. Идејата дека користењето аутотјун те прави измамник или дека немањето бенд значи дека не си вистински уметник е најдосадната работа досега. Проѕевање“, напиша таа.


Пејачката додаде дека ужива во фактот дека се зборува за неа и дека најдобрата уметност е онаа што предизвикува поделени мислења.