Гвардиола со интересен заклучок: Ова е начинот на кој треба да загубите на едно дерби!

Дерби

24/02/2025

08:36

1.084

Големина на фонт

а а а

Манчестер Сити потфрли на уште еден натпревар против директен ривал во Премиер лигата и избраниците на Пеп Гвардиола делуваат навистина ранливо во одбрана, иако мора да се напомене дека „граѓаните“ вчера доминираа со играта и поседот на топка.

Иако домаќините имаат теренска иницијатива, момците на Пеп во ниту еден момент не пронајдоа дупка и слаба точка во добро поставената одбрана на Арне Слот, но без оглед на поразот и лошиот резултат за стандардите кои се поставија на „Итихад“, шпанскиот стручњак излезе со интересен заклучок по дерби поразот.

– Ако губите едно дерби, треба да го загубите на начинот на кој го загубивме ние. Видов многу добри работи во мојот тим, задоволен сум од претставата и од играта на моите играчи. Мора да нагласам дека имаме светла иднина со овие играчи во тимот.


– Со исклучот на Де Брујне и Аке, сите останати се навистина многу млади. Клубот има донесено одлука за иднината, но истата ќе биде светла за годините кои доаѓаат. Мора да се подготвиме за следниот чекор, дури и со толку проблеми и отсуства, ние се уште играме добар фудбал.

– Бевме многу добри, само ни недостасуваа решенија во завршната третина од теренот. Во моментов сме далеку од Ливерпул, но ќе видиме што ќе ни донесе иднината. Тоа што го направивме изминатите сезони е неверојатно, но сега мора да се насочиме кон иднината, – изјави Гвардиола.