Редик: Тој е Лука што го знам-убиец!

Дерби

23/02/2025

17:25

3.100

Големина на фонт

а а а

Лука Дончиќ го одигра најдобриот натпревар како член на Лос Анџелес Лејкерс и тоа во дербито со Денвер Нагетс во Колорадо каде го предводеше својот тим до победа од 123:100.

Словенецот беше на посакуваното ниво и на 32 поени, додаде 10 скока, плус имаше 7 асистенции, 4 украдени топки и 1 блокада, односно на соодветен начин му одговори на тренерот Џеј-Џеј Редик кој пред натпреварот порача:

-Сакам барем една епизода на помрачување каде што тој неселективно вреска затоа што е возбуден. Тоа значи дека се вратил. Тоа е Лука што го знам. Убиецот, - истакна Редик за да по мечот се надоврзе.


-На крајот на првото полувреме кога погоди тројка непосредно пред нашата клупа за 63-52, почна да вреска. Не знам на кого врескаше но почна да вреска, супер беше. Беше одличен, знаеш дека ја контролира играта кога ја имаше топката во раце, донесе некои одлични одлуки, -посочи предводникот на „езерџиите“.