Актерот Антонио Бандерас проговори за подготовките за свадбата на неговата ќерка и призна дека сè што некогаш сакал за својата Стела е да биде сакана и среќна. Призна дека е воодушевен од нејзиниот партнер.
Стела Бандерас се мажи за нејзината љубов од детството, Алекс Гружински, основач и извршен директор на НОВА, компанија која им помага во работата на креативните фриленсери.
Бандерас изјави дека е многу среќен што неговата миленичка го избрала Алекс за нејзин сопруг, кого го познавала уште од раното детство.
„Мојата ќерка Стела се мажи“, откри тој во емисијата „Ел Хормигуеро“ и продолжи: „Среќен сум затоа што навистина ми се допаѓа нејзиниот иден сопруг. Кога имаше три-четири години, доаѓаше кај нас да си играат, а се запознаа во градинка кога имаа две години.’
Тој навести дека веројатно нема да има гламурозна венчавка во холивудски стил.
„Сè што сакам за неа е да биде сакана, а тој многу ја сака. Тоа е единственото нешто што ми е важно. Ништо друго не ме интересира. Свадбата може да биде максимално скромна. И ќе видиме дали наскоро ќе ми подарат внуци!“.
Антонио Бандерас беше двапати во брак. Неговиот прв брак беше со Ана Леза и траеше од 1987 до 1996 година. Од тој брак нема деца.
По разводот од Ана Леза, Бандерас се ожени со американската актерка Мелани Грифит во 1996 година. Двојката беше заедно до 2015 година, кога и официјално се разведоа. Токму во овој брак родена е Стела во 1996 година. Убавата русокоса тргна по стапките на своите родители и се занимава со глума, режија и претприемништво.