[ФОТО] Се „колнеше“ дека ќе остари покрај својата постара сопруга и дека таа е неговата најголема љубов: Актерот сега на црвениот тепих прошета со 12 години помладата девојка

Точка

17/02/2025

23:08

7.370

Големина на фонт

а а а

Џејсон Момоа присуствуваше на концертот по повод 50-годишнината на „Saturday Night Live“ во Њујорк со неговата 12 години помлада девојка, актерката Адрија Арјона.

Ова беше нивно прво појавување во јавноста откако во мај минатата година беше откриено дека се заедно.

Адрија за овој настан избрала црн фустан кој го искомбинирала со црни потпетици и чанта, додека Момоа носеше фармерки, црна маица и кожна јакна.


Момоа, за кој велат дека повеќе не е згоден како порано, иако сè уште ја носи титулата најзгоден актер, во името на старите времиња, официјално беше во брак со актерката Лиза Бонет (57) од 2017 до 2024 година. Тие го делат старателството над нивните деца, 17-годишната ќерка Лола и 16-годишниот син Накоа-Волф.

Адрија зад себе има еден брак, во 2019 година се омажила за адвокатот Едгардо Каналес, биле заедно долги години пред свадбата, а не е познато кога се разделиле.



Врската со Арјона ја потврдил минатата година со објава на Инстаграм, кога бил во посета на Јапонија, а меѓу фотографиите беа и оние со новата партнерка.


„Многу сме им благодарни на сите што ги отворија своите домови, правејќи спомени со нови пријатели и стари пријатели, споделувајќи уште една неверојатна авантура со мојата љубов“, напишал актерот во објавата.