Шокантната блокбастер размена, со која Лука Дончиќ премина во Лос Анџелес Лејкерс, а Ентони Дејвис во Далас Маверикс, ќе остане топ тема во НБА лигата уште долго време.
Како дел од сензационалниот трејд, заедно со Дончиќ во Лејкерс заминаа Макси Клебер и Маркиф Морис, додека во Далас пристигнаа Макс Кристи и избор во првата рунда на драфтот во 2029 година.
Во размената беше вклучен и Јута Џез, кој го доби Јален Худ-Шифино од Лејкерс и два избора во втората рунда на овогодишниот драфт.
Како еден од најдобрите кошаркари во НБА заврши во размена?
Сите се прашуваат како е можно еден од најдобрите играчи во лигата, во своите најдобри години (25), да биде разменет за 31-годишник и само еден иден пик на драфтот.
Но, Далас го направи токму тоа. Го испрати Дончиќ во Лејкерс и за возврат го доби Ентони Дејвис, елитен центар, но истовремено познат по честите повреди кои му ја обележаа кариерата.
Размената беше брзо договорена во целосна тајност од страна на Нико Харисон (генералниот менаџер на Мавс) и Роб Пелинка (генералниот менаџер на Лејкерс). И, според многумина, Лејкерс се излезени како победници од оваа размена.
Rich Paul on the Luka-AD trade:
— Legion Hoops (@LegionHoops) February 19, 2025
“99.9% of the time, I'm going to know what's going on. The one time I didn't was the one time we all didn't… I'm glad I didn't know because it probably wouldn't happened if you did know.”
(h/t @pickuphoop)pic.twitter.com/BEjqw9puQs
„Тајмингот беше шок, а и кој беше вклучен“
Дури ни Рич Пол, најмоќниот спортски агент во САД, не знаел за овој договор.
Пол, кој е најблискиот соработник на Леброн Џејмс, преку својата агенција претставува над 200 спортисти од НБА, НФЛ и МЛБ – вклучувајќи Леброн и Дејвис.
Но, дури и тој признава:
„99,9% од времето знам што се случува. Единствениот пат кога не знаев, беше кога никој од нас навистина не знаеше. Ова беше шок за сите.“
„Отсекогаш знаев дека Нико е голем фан на Дејвис, така што дестинацијата не беше шок. Но, тајмингот беше шок, исто како и тоа кој беше вклучен. Но, не можеш да поместуваш планини ако сите знаат. Не можеш. И ми е драго што не знаев и што другите не знаеја, затоа што веројатно немаше ни да се оствари ако се знаеше. Кога почнуваш да зборуваш за нешто, често не можеш да го завршиш.
Тоа не е моја работа. Единственото што можам да направам е да ја направам оваа ситуација најдобра што можам.“