[ВИДЕО] Нереална сцена среде тениски меч: Тенисерите избегаа од теренот поради масовни пукотници

Точка

18/02/2025

21:18

1.985

Големина на фонт

а а а

Денешниот натпревар на АТП Челинџер турнирот во Бразавил (Конго) помеѓу Гај Ден Оуден и Иван Денисов беше прекинат по потполно нереални сцени.

Конго е една од ретките дестинации во Африка која има можност да организира турнир од серијата Челинџер, кои се прилично силни и бараат посериозна инфраструктура.

Сепак, прашање е дали по денешните сцени во иднина ќе се игра овој турнир во Бразавил. Имено, среде дуелот помеѓу Оуден и Денисов, веднаш покрај теренот се случи масовно пукање.

Двајцата играчи веднаш избегаа од теренот, а покрај пукањето биле фрлени и димни бомби. Во исто време, било забележано и оклопно полициско возило кое пристигнало за да ги смири немирите.

Сепак, натпреварот продолжи откако ситуацијата се смири, а на крајот Холанѓанецот Ден Оуден победи со 2:0 (6:1 и 6:3).

Очигледно, ваквите сцени не се толку невообичаени за Бразавил, па турнирот продолжи како ништо да не се случило.