Оваа дополнителна работа стана многу популарна во Франција – одлично е платена, а се работи само пет до пет и пол часа дневно. За што станува збор?
Француските власти моментално бараат возачи на приватни возила во кои ќе бидат вградени полициски камери за автоматско снимање на возачи што возат со преголема брзина.
Овие работни места ги нудат приватни компании што работат во соработка со државата, а задачата на возачите е патролирање во одредени региони со цивилни возила опремени со радари како што се "Mobiom", "GSR", "OTI Ineo" или "Infracom".
[Communiqué] Point de situation sur l'externalisation de la conduite des voitures-radar ➡ https://t.co/6VM9FIxEco pic.twitter.com/xq8XSgk0ku
— Sécurité routière (@RoutePlusSure) April 22, 2021
Колкава е платата и како функционира работата?
Компанијата "Mobicom", на пример, бара возачи во Орлеан, Ремс, Руен, Епинал и Ножан, нудејќи плата од 1.850 евра бруто месечно. Покрај тоа, возачите добиваат месечен бонус од 250 евра бруто и дневници.
Платата не е врзана за бројот на издадени казни, туку за бројот на изминати километри, пишува "Jutarnji".
Кога ќе се пресмета сè, возачите месечно можат да заработат околу 2.100 евра бруто, односно 1.618 евра нето.
Работата се извршува преку ден, навечер, во работни денови, за време на викенди и државни празници. Нема строго работно време, но постои дневна норма – 5 и пол часа возење.
Кој има предност при вработување?
За да добие некој оваа работа, мора да има најмалку 10 од 12 бодови на француската возачка дозвола. Компаниите предност даваат на искусни возачи со добри безбедносни навики и добро одржувани возила.
Идеален кандидат би бил и некој што поседува професионална лиценца од некоја фирма за обезбедување.
Оваа работа станува сè побарана, бидејќи нуди стабилна плата, флексибилно работно време и релативно лесен работен ангажман – возење по однапред утврдена рута, додека вградените радари ги снимаат прекршителите.