Џејк Пол шокираше: „Мајк Тајсон ја излечи Паркинсоновата болест со отров од жаба“! Потоа ги демантираше своите тврдења

Точка

17/02/2025

14:26

3.148

Големина на фонт

а а а

„Со отровот од жаба, Тајсон ја излечи Паркинсоновата болест за да може да се бори против мене“, изјави Џејк Пол во пренос во живо, дури двапати повторувајќи ги своите зборови. Подоцна тврдеше дека направил грешка …

Во ноември, легендарниот боксер Мајк Тајсон (58) се врати во рингот за борба против 30 години помладиот инфлуенсер Џејк Пол (28). Во неверојатен меч, кој предизвика големи контроверзии, Пол победи со одлука на судиите по осум рунди борба.

Но, овој Американец, кој популарноста ја стекна со снимање комични видеа, неодамна откри шокантни детали за Тајсон.

Контроверзни изјави за отровот од жаба

Пол учествуваше во пренос во живо со Ејден Рос, каде што разговараа за нов тренд на употреба на халуциногени дроги – пушење отров од жаба. Активната состојка во отровот е психоделичната хемикалија "5-MeO-DMT", која е четири до шест пати посилна од "DMT".

„Ајахуаска е многу добра за мозокот, исто како и отровот од жаба. Всушност, Мајк Тајсон со отров од жаба ја излечи Паркинсоновата болест за да може да се бори против мене.“ – изјави Пол.

Кога Рос изрази зачуденост, Пол повторно ги потврди своите зборови.

„Што по ѓаволите?! Значи, лижеше жаба и така ја излечи Паркинсоновата болест? Или како?“ – праша Рос, на што Пол самоуверено одговори дека отровот од жаба се пуши во медицински цели.

Пол дури двапати повтори дека Тајсон боледувал од Паркинсон, што ги натера многумина да се сомневаат дали навистина се „збунил“ во преносот.

Пол се „залета“, а потоа се предомисли

Иако отровот од жаба може да се консумира со лужење на кожата од жабата, почесто се екстрахира, дехидрира и претвора во прав, кој во високи дози може да предизвика парализа кај човекот.


По завршувањето на преносот, Пол напиша на платформата X (поранешен Twitter) дека Тајсон, всушност, никогаш немал Паркинсонова болест.

„Оф, Мајк Тајсон никогаш немал Паркинсон. Што ви е, луѓе … Зошто луѓето на интернет се толку е***о глупави? Погрешно се изразив. Сакав да кажам дека отровот од жаба му помогнал во толерирање на болката. Дури и Тајсон самиот зборувал за тоа, како и многу други.“

Во поткаст со Џо Роган во 2022 година, Тајсон призна дека консумирал "DMT" и отров од жаба за да ослабе.

Инаку, за Паркинсоновата болест нема лек, но постојат различни третмани за ублажување на симптомите.