Сруши два светски рекорди во иста трка – неверојатно достигнување што одекна низ целиот свет

Точка

14/02/2025

16:53

9.800

Големина на фонт

а а а

Еден од последните митинзи во зимската атлетска сезона се одржа овој четврток во Лиевен, Франција, а целото внимание го украде Норвежанецот Јакоб Ингебригтсен, кој во трката на една милја сруши светски рекорд во сала.

Само пет дена откако Џеред Нугусе постави нов најдобар резултат, Ингебригтсен заблеска и со време од 3:45.14 успеа да влезе во историјата на „кралицата на спортовите“.

Но, тоа не беше сè! На истата трка, тој ја истрча далечината од 1500 метри за 3:29.63 секунди, што исто така е нов најдобар резултат на сите времиња. Овој резултат е за цела секунда побрз од неговиот претходен рекорд, кој го постави на истата патека пред три години.

Норвежанецот продолжува да доминира во светската атлетика и постојано ја докажува својата супериорност.