Познатата актерка искрена за „дејтот“ со Роби Вилијамс: „Побегна затоа што мојот фрижидер беше празен“

Точка

14/02/2025

16:36

2.427

Големина на фонт

а а а

Актерката Селма Блер, позната по улогата во филмот „Legally Blonde“ гостувала во ток-шоуто на Дру Баримор. Таа се осврнала и на своето љубовно минато и се присетила на една малку хумористична ситуација што ја доживеала со Роби Вилијамс.

„Го отвори мојот фрижидер и ми рече: ’Морам да одам‘. Прашав пријател: ’Зошто си замина така наеднаш?‘, а тој ми рече: ’Твојата кујна била празна и знаел дека не готвиш, тоа не би функционирало за него“, опишала Селма.

Истакнува дека тоа не ја навредувало, само се насмеала и сметала дека е добро што Роби знае што сака. „Браво за него што знаеше дека му треба полн стомак. Во фрижидерот веројатно имав шише шампањ и бисквити „Fig Newton“. Добро процени дека јас не сум таа што ќе го нахрани“, заклучила таа.


Да потсетиме, Селма Блер зад себе има еден брак и неколку врски. Таа се омажила за продуцентот Ахмет Запа во 2004 година во замокот на Кери Фишер. Две години подоцна, поднела барање за развод, наведувајќи ги „непомирливите разлики“ како причина. Со текот на годините таа излегувала со актерите Џејсон Шварцман и Дејвид Лајонс, како и водителот Мајки Деј. Во 2010 година започнала врска со дизајнерот Џејсон Блик, со кој го има синот Артур Сент.


Роби Вилијамс е 15 години во среќен брак со актерката Ајда Филд, со која има четири деца – ќерките Теди (12) и Коко (6) и синовите Чарли (10) и Бо (4). Пред неа тој беше во краткорочни врски со две поранешни „спајсици“, Мел Си и Гери Халивел.