Напнатиот трилер со Никол Кидман пристигна на Нетфликс: Гледачите шокирани

Точка

13/02/2025

22:24

7.242

Големина на фонт

а а а

Психолошкиот трилер со Никол Кидман во главната улога пристигна на Нетфликс, и ги остави гледачите во шок благодарение на неверојатниот пресврт. Филмот „Пред да заспијам“ (Before I Go to Sleep) од 2014 година го привлече вниманието на гледачите, кои коментираат дека е „напнат до самиот крај“.

Приказна која ве држи во неизвесност до последната сцена

Овој напнат трилер, во кој покрај Кидман се појавуваат и Колин Фирт, Марк Стронг и Ен-Мари Даф, беше режиран од Роуан Џофе. Приказната ја следи Кристин, жената која секое утро се буди без сеќавање. Таа е жртва на брутален напад, но не знае кој ја нападнал, меѓутоа длабоко во себе знае дека мора да ја открие вистината.

Фирт го толкува нејзиниот сопруг, лекар кој буди сомнеж со своето однесување, а гледачите преку напнатото дејство се обидуваат да откријат кој ја кажува вистината, а кој крие тајни. И покрај тоа што филмот не ги освои критичарите, на гледачите им се допадна и уживаат во неговата напната атмосфера и шокантен расплет.



Филмот има само 36% оцена од критичарите на „Rotten Tomatoes“, но достигна солидни 6,2 на „IMDb“, а љубителите на жанрот сè уште со задоволство го препорачуваат.

Неочекуван расплет

Листата на најдобрите психолошки трилери на Твитер неодамна беше проширена, а овој филм беше вклучен заедно со „The Prestige“ и „Memento“. Еден од коментарите за филмот гласи: „Навистина добар трилер со изненадувачки пресврт. Цело време ќе бидете во неизвесност. Не е страшен, иако насловот сугерира поинаку“.


Критичарката Рејчел Брук од „Rotten Tomatoes“ го пофали филмот, велејќи: „Впечатливата музика ги засилува емоциите и напнатоста, додека матните снимки оживуваат изгубени и делумни спомени, клучни за нарацијата исполнета со тајни“.

„Овој трилер за амнезија е еден од највпечатливите филмови на годината“, напиша критичарката Енди Леа од Дејли Стар по објавувањето на филмот.