Саудиска Арабија има најдолга права патна рута во светот. Имено, автопатот 10 е долг 260 километри и без никакви кривини се протега низ пустинскиот пејзаж меѓу Харад и Ал Бата, во близина на границата со Обединетите Арапски Емирати.
Овој автопат, според податоците, е најдолгата права рута на планетата, надминувајќи го автопатот Ејр во Австралија. Автопатот Ејр, кој се наоѓа во Јужна Австралија, е познат по својата патека долга 146 километри, која долго време го држеше рекордот. Но, Саудиска Арабија ја надмина оваа бројка и сега ја држи титулата за најдолга права рута.
Иако многумина веруваат дека има долги рути во други делови на светот, вклучувајќи ги Русија и Канада, ниту една од нив не се приближува до должината на патот во Саудиска Арабија. На пример, автопатот М-4 во Русија нуди маршрута долга 150 километри, додека додека канадскиот автопат Транс-Канада има долги делници, но ниту една толку долга без свиоци.
Овој импресивен пат низ саудиската пустина не е само атракција за возачите, туку и предизвик за издржливоста на возилата и возачите, бидејќи нуди огромен простор „нон-стоп“ во кој може да се вози и со брзини кои ретко се доживуваат на стандардните сообраќајни правци.
Автопатот „Highway 10“ во Саудиска Арабија е изграден како дел од поширок развој на инфраструктурни проекти во земјата. Патот, кој стана познат по својата рекордна рута, беше изграден во 1980-тите како клучна рута што поврзувала различни делови на Саудиска Арабија. Оттогаш, автопатот 10 станал важна сообраќајна артерија, особено за транспорт во региони кои инаку се изолирани од пустински терен.
Патот е модернизиран и одржуван со текот на годините, но ја задржа својата карактеристична долга рута, која денес е импресивна поради неговата должина без никакви свиоци.