УФЦ „ѕверката“ од Чеченија порача: „Му нудам еден милион рубли на секој оној кој ќе ме победи на тренинг“

Точка

11/02/2025

20:44

19.013

Големина на фонт

а а а

Хамзат Чимаев (30) е еден од најдоминантните УФЦ борци. Чеченецот, кој долго време живеел во Шведска, се натпреварува во средна категорија (до 85 килограми), додека претходно се натпреваруваше во пониска категорија (до 77 килограми), и впиша победи на сите досегашни 14 професионални натпревари.

Неговата последна борба се одржа во октомври минатата година, кога доминантно го победи поранешниот шампион Роберт Витакер и го принуди да тапка во првата рунда.



Покрај неговото исклучително доминантно борење, Чимаев е познат и популарен по неговиот „trash talk“ и честото прозивање на сите борци во неговата дивизија. Исто така руските медиуми објавија дека Чимаев има многу невообичаена пракса на тренинзите. Имено, тој нуди еден милион рубли (околу десет илјади евра) на секој оној, кој ќе го победи во текот на тренингот, односно кој ќе го принуди да тапка.


„Секој што ќе ме присили да се предадам добива милион рубли од мене. Тоа одамна не се случило. Кога се шегувам со некои помлади борци, намерно им дозволувам да ме фатат околу вратот, но кога одработувам сериозен граплинг, на сите им нудам милион рубли. Го повикувам да дојде секој кој мисли дека е способен да го направи тоа“, рече Чимаев на прес-конференцијата по еден граплинг настан.