Колина побара промена на едно важно пенал правило и привлече големо внимание во јавноста

Дерби

11/02/2025

14:43

2.381

Големина на фонт

а а а

Легендарниот Пјерлуиџи Колина за многумина важи за најдобар судија во историјата на фудбалот, а како човек кој се уште е многу приврзан за оваа игра, смета дека актуелниот спектакл носи преголема предност за напаѓачите, или поточно за изведувачите не пенали.

Во ексклузивното интервју за „Република“, Колина побара промена на едно важно пенал правило, со кое според него ќе се намали неправдата која им се нанесува на голманите.

– Сметам дека во денешно време има преголема разлика во шансите да се оствари целта меѓу напаѓачот и голманот. Во просек, 75 проценти од пеналите завршуваат во мрежата, а на сето тоа, напаѓачот има шанса да даде гол и по одбиената топка од голманот.

– Според мое скромно мислење, голманите треба да се бунат за менување на ова правило. Веќе го имам дискутирано ова во моите средби со ИФАБ и сум дал свој предлог.

– Едно решение е да има еден и единствен шут. Да биде исто како во пенал рулетот по истекот на регуларниот дел и продолжението. Да нема одбиени топки, или постигнуваш гол, или се суди гол-аут. Со такво правило би го елиминирале и спектаклот кој е се поактуелен пред да се изведе пенал. Сите играчи фаќаат позиција пред шеснаесетникот, изгледаат како коњи кои чекаат знак да почне трката, – сликовито објаснува Колина.