Јеличиќ: Ристовски последниот добар меч го одигра уште кога не постоеше Северна Македонија

Дерби

11/02/2025

12:13

1.189

Големина на фонт

а а а

Стефан Ристовски не го криеше бесот на натпреварот против Шибеник и шутна шише со вода кога ја напушташе играта, јасно искажувајќи го револтот што е прва измена на тренерот Фабио Канаваро.

Македонскиот дефанзивец се врати во стартната постава откако на два меча во низа беше резерва, а фактот што го загуби статусот на недопирлив во ротацијата на Канаваро е една нова ситуација на која досега не беше навикнат во Динамо.

Неговата нервоза беше доста актуелна тема и на прес-конференцијата по средбата, па иако Канаваро шмекерски ја намали тензијата, во хравтската јавност беше испорачана една жестока критика на сметка на Ристовски, и тоа од Јошко Јеличиќ.

– На 12-ти февруари, Ристовски ќе има 33 години, а јас можам да му кажам нешто како татко. Освои толку многу работи со Динамо, но последниот добар меч го одигра уште кога не постоеше Северена Македонија, уште беше само Македонија. Тој мора да биде пример како капитен, а наместо тоа, тој го шутира шишето кога излегува од игра.

– Тоа лошо влијае врз странците кои ги има Динамо во својот тим. Стефане, немој да го правиш повеќе тоа, особено бидејќи ти истекува договорот, а веќе не си на нивото на кое беше. Имаш 33 години и доби конкуренција во Пјер и Мохарами, млади и побрзи играчи од тебе, – гласи обраќањето на Јеличиќ.