Во текот на дербито помеѓу женските екипи на Еспањол и Барселона, се случи сцена која предизвика своевиден скандал во Шпанија.
Имено, фудбалерката на Барселона, Мапи Леон, ја фати противничката Даниела Каракас за меѓуножјето, а камерите го забележаа сето тоа.
Пред корнерот двете фудбалерки имаа дуел, а Каракас послабо ја удри противничката.
На почетокот Леон беше изненадена, а потоа накратко ја фати противничката за меѓуножјето и наводно ја прашала: „Имаш ли пенис?“
По натпреварот, Еспањол излезе со соопштение за медиумите и остро го осуди инцидентот.
„Ние од РЦД Еспањол де Барселона сакаме да го изразиме нашето целосно незадоволство и осуда на некои од настаните кои се случија минатата недела за време на дербито помеѓу РЦД Еспањол и ФК Барселона на стадионот „Дани Жарке“. Ова дело го сметаме за неприфатливо и не смее да остане незабележано“, порачаа од Еспањол.
Тие додадоа дека фудбалерката на Барселона направила гест со кој ја нарушила приватноста на нивната фудбалерка. Тие објаснија дека Каракас не реагирала веднаш, но подоцна, откако го процесирала сето она што се случило, станала свесна за сериозноста на гестот.
Еспањол на крајот апелираше овој гест да биде санкциониран, а на својата фудбалерка ѝ понуди правни услуги во случај таа да сака да започне постапка.