[ВИДЕО] ОПАСЕН ИНЦИДЕНТ СО ВОЗИЛОТО НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВУЧИЌ: Додека шефот на државата бил во него, тркало паднало од автомобилот во движење! ИСТРАГАТА ВО ТЕК

Точка

08/02/2025

15:46

7.938

Големина на фонт

а а а

Опасен инцидент се случи денеска додека претседателот Александар Вучиќ со службено возило патувал кон Мокрин.

За малку беше избегната трагедија кога возилото во кое се превезуваше претседателот очигледно удрило во одредена пречка на патот, предизвикувајќи лизгање и пад на тркалото, пишува српски Курир.

Видеото погледнете го тука!

Со оглед на фактот дека во возилото бил претседателот на државата, важно е да се спроведе сеопфатна истрага за овој опасен инцидент.


Органите на редот излегоа на местото на настанот и истрагата е во тек. Инцидентот се случил на патот, додека претседателот патувал од една до друга локација за време на неговата обиколка на Банат.

Вучиќ по денешниот инцидент: Не сум повреден, надлежните ќе откријат што се случи со автомобилот

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ се огласи по денешниот инцидент кога пукна гума на автомобилот во кој се наоѓал на пат кон Мокрин и објасни дека е во добра состојба и дека не е потврден.

– По посетата на Меленци отидов во Мокрин пред големиот митинг во Кикинда. На пат бев со мојот автомобил. Значи дали пукна гумата, или се случи нешто друго тоа треба да утврдат надлежните и тие ќе го сторат тоа. Пристигнав во Мокрин и влегов во друг автомобил – изјави Вучиќ.

Притоа Вучиќ рече:

– Моите од обезбедувањето се многу дисциплинирани. Тие знаат дека не можам да поднесам употреба на ротација, не можам да поднесам луѓе кои инсистираат на ротација затоа што тоа за мене секогаш е доказ не за нечија моќ туку за нивната суета.